Станица за учење

Каде што изучувањето на обновливата енергија никогаш не било позабавно


introduction-photo

Што се обновливи извори на енергија?

Обновливата енергија е енергија која се добива од природни извори, како сончева светлина, ветар, дожд, геотермална енергија, биомаса, како и други извори. Ова се извори на енергија кои се обновливи (природно се обновуваат).

Со тоа, технологиите на обновливи извори на енергија ги вклучуваат сончевата енергија, енергијата на ветрот, хидроенергијата, геотермалната енергија, енергијата на биомаса и биогориво.

На линкот подолу можеш да најдеш наша статија за најкористените обновливи извори на енергија. Ова ќе ти помогне да ги сфатиш главните концепти кога станува збор за видовите обновлива енергија.

Информативен видео курс на англиски јазик за обновливите извори на енергија



Курсеви на македонски јазик за различните видови на обновлива енергија

solar

Соларна енергија

Научи за еден од најефикасните извори на обновлива енергија - енергијата добиена од сонце

Продолжи понатаму →
wind

Енергија на ветрот

Дознај како работат ветерниците и зошто е важно да се искористи енергијата на ветрот

Продолжи понатаму →
hydro

Хидроенергија

Откриј како хидроцентралите на одржлив начин генерираат електрична енергија

Продолжи понатаму →
geothermal

Геотермална енергија

Научи што е тоа геотермална енергија и истражи и дознај повеќе за истата

Продолжи понатаму →
biomass

Енергија на биомаса

Дознај како органскиот отпад може да се искористи како извор на одржлива енергија

Продолжи понатаму →
bioenergy

Биоенергија

Откриј како биогасот произведен од органски отпад обезбедува зелена алтернатива за готвење и загревање

Продолжи понатаму →

Колкав еколошки отпечаток оставаш?

Дали некогаш си се запрашал/а колку планети би ни биле потребни ако сите живеат како тебе?

Како “ден на надминување” секоја година се означува денот кога се потрошени ресурсите кои планетата ги нуди за цела година. Поради недостатокот на одржливи практики за користење на ресурсите, овој ден секоја година се случува сè порано. Меѓу останатото, овде голем удел има и токму енергијата која што ја користиш во твојот дом.

Кликни на сликата десно која што ќе те однесе до овој интересен калкулатор кој веруваме дека ќе ти помогне во анализирањето на твоите секојдневни практики за одржливо живеење!

virtual visits

Виртуелна посета на станици за обновлива енергија низ светот

Досега веќе се запозна со различните обновливи извори на енергија и начинот на кои што прозведувањето на електрична енергија со помош на истите функционира. Меѓутоа, дали би сакала/а да видиш како тие навистина изгледаат одблизу?

Сигурни сме дека дефинитивно не сакаш да ја пропуштиш приликата за едно вакво необично и интересно искуство! Затоа, за да ги видиш овие виртуелни посети, кликни на копчето подолу кое што ќе те одведе до твојата следна интересна дестинација!

Нашите ТОП ТРИ предлози

Постојано се трудиме нашата платформа да ја надополнуваме со нови и интересни ресурси, меѓутоа свесни сме дека количината на информации засега е сè уште ограничена. Затоа, во меѓувреме, веруваме дека овие платформи дополнително ќе ти помогнат при процесот на проширување на твоите знаења од областа на обновливите извори на енергија.

Choice 1

Еко-свест

Еко-центар е центар за истражување и информирање за животната средина. Меѓу останатите области, овде ќе најдеш и низа детални информации од областа на енергијата.

Продолжи понатаму →
Choice 2

National Geopraphic

На National Geopraphic избравме категорија преку која што ќе најдеш преку педесет содржини кои се однесуваат на различните видови на обновливи ресурси кои се користат за производство на електрична енергија.

Продолжи понатаму →
Choice 3

Green Future Academy

Green Future Academy е уште една одлична платформа каде што можеш да најдеш корисни курсеви за обновливите извори на енергија, како и да прочиташ останати интересни содржини.

Продолжи понатаму →


Ајде да видиме колку научи!

Се надеваме дека низ активностите погоре досега успеа да се запознаеш со различните обновливи извори на енергија. Ако сакаш на интересен начин да провериш колку научи, ти предлагаме да го решиш и наредниот квиз кој што го подготвивме за тебе.

За да започнеш со квизот само кликни на сликата или на копчето подолу.

Потоа, само избери го копчето "Preview" и можеш да започнеш со квизот!

Истражи повеќе!

Низ нашата станица за учење имаше можност да разгледаш разновидна низа материјали за учење од областа на обновливите извори на енергија кои се надеваме дека ја поттикнаа твојата љубопитност кон оваа област. Меѓутоа, тоа не значи дека учењето мора да заврши тука!

Те очекува наредниот дел од нашата едукативна платформа – нашата “Станица ПЛУС+”, каде што ќе имаш можност да најдеш ризница со увиди и содржини од оваа област, описи за практична примена на одржливата енергија во секојдневниот живот и уште многу повеќе.

Доколку ова звучи интересно, кликни на копчето подолу и продолжи понатаму!

blog