Биоенергија
Откриј како биогасот произведен од органски отпад обезбедува зелена алтернатива за готвење и загревање

Досега имаше можност да ги истражиш уникатните можности кои што ги нудат сончевата енергија, ветерот, хидроенергијата, геотермалната и енергијата од биомаса. Ајде сега да започнеме со истражување на биоенергијата – можеби и еден од најинтересните видови на обновлива енергија. Тесно поврзана со енергијата на биомасата, поинаку кажано, биоенергијата претставува интересна комбинација на науката, природата и технологијата.
Замисли да можеш позитивно да ја искористиш суштината на сите живи организми – растенијата, микроорганизмите, или сите останати организми кои може да ги сретнеш низ нашиот богат екосистем. Подготви се за уште едно сеопфатно патување низ волшебниот свет на уште еден обновлив извор на енергија, како и можност да разгледаш како биоенергијата би можела да има клучна улога во обликувањето на иднината на нашата планета.
Што всушност е биоенергија?
Обиди се да ја видиш сликата на еден цел екосистем – од најмалите растенија, лисјата на различните дрвја, па сè до најмалите микроорганизми. Бионергијата е како еден голем обединувач на сите овие живи организми. При различните процеси кои што се случуваат во природата овие живи организми и растенија создаваат различни форми на енергија. Оваа енергија, може да се искористи на позитивен начин, кој што ќе ни биде нам од помош, но притоа, нема да им наштети ниту на овие живи организми кои се дел од екосистемот. Овде станува збор за бионергијата.
Познато е дека енергијата постои насекаде. Замисли да можеш да ја претвориш енергијата која што се наоѓа во природата на начин кој што би им бил од помош на луѓето. Биоенергетските процеси го прават токму тоа.
Биоенергијата е извонреден начин за создавање електрична енергија преку искористување на енергијата ште е веќе складирана во органските материјали. Оваа енергија, добиена од живи организми како што се растенијата, остатоците од земјоделството, па дури и отпадот, служат како гориво за биоенергетските процеси. Преку процеси како што се ферментација, согорување и гасификација, овие материјали се трансформираат во извори на енергија кои можат да бидат корисни во нашите домови, како и индустриските или други објекти.
Еден важен процес е процесот на согорувањето, каде што овие материјали се согоруваат во контролирани услови за да се ослободи топлина. Оваа топлина потоа се користи за создавање на пареа, која ги придвижува турбините поврзани со генераторите. Додека турбините се вртат, тие ја претвораат кинетичката енергија во електрична енергија, ефикасно претворајќи ја енергија која што претходно била во органската материја, во нов корисен вид на енергија.
Придобивките од биоенергијата како обновлив извор на енергија
Биоенергијата не е само уште едно решение за добивање на електрична енергија. Биоенергијата ни нуди и низа позитивни придобивки доколку правилно ја користиме. Ова се само неколку од нив:
- Решение за органскиот отпад:
Биоенергијата го трансформира органскиот отпад во корисни ресурси. Ова значи помали простори со депонии и намалување на влијанието врз животната средина.

- “Рециклирање” на јаглеродниот диоксид:
- Позитивна локална иницијатива:
Биоенергијата го “рециклира” јаглеродот што претходно бил апсорбиран од растенијата за време на нивниот процес на растење, создавајќи циклус на јаглеродна неутралност.
Биоенергијата може да создаде локални работни места и подобри економски можности, особено во руралните заедници кои имаат пристап до органски ресурси.
Биоенергијата во практика
Од возила кои користат биоетанол, до домови кои користат загревање од биогас, биоенергијата претставува вистинско еколошко откритие.
Биоенергијата откако започнала да се користи брзо се развила од теоретски концепт во практична примена и започнала да се користи во многу од индустриите и домовите. Во земјоделството, остатоците од културите и органскиот отпад што некогаш биле фрлани како отпад, сега се вредни ресурси, бидејќи се претвораат во биогас или биогорива преку анаеробно варење или ферментација.
Возилата кои користат биоенергетски горива се движат по улиците, предизвикувајќи помалку загадување и придонесувајќи за почист воздух. Во индустриските објекти, биоенергетските системи обезбедуваат сигурен и одржлив извор на топлина и електрична енергија, намалувајќи ја зависноста од фосилните горива и ублажувајќи го влијанието врз животната средина.
Најважно е тоа што биоенергијата игра клучна улога во справувањето со отпадот, трансформирајќи го органскиот отпад во корисна енергија, притоа минимизирајќи го просторот за депонии и емисиите на стакленички гасови!

Простор за идеи и иновации
Замисли иднина каде биоенергетските процеси се уште поефикасни и поприлагодливи. Истражувачите денес работат на техники за користење на алги како суровина за биогориво или претворање на остатоците од културите во високоенергетски горива. Овие иновации го отвораат патот за биоенергетски процеси кои се и одржливи и трансформативни.
Напредокот во оваа област се движи од подобрување на ефикасноста на производството на биогориво, па сè до развој на технологии кои можат да ги претворат деловите од растенија што не се јадат во извори на енергија. Можностите за иновации се неограничени!
Подготвен/а за креирање на следната биоенергетска иновација?
Замисли да можеш да дизајнираш биоенергетски системи кои работат во хармонија со локалните екосистеми, а истовремено создаваат позитивни придобивки и за луѓето и за животната средина! Потенцијалот за обликување на одржлива енергетска иднина е огромен!