За платформата
Поттикнување енергетска љубопитност: приказната за нашата едукативна платформа
Нашата мисија
Нашата мисија е да поттикнеме равој во едукацијата од областа на обновливите извори на енергија преку обезбедување сеопфатни ресурси, информации и приказни кои ќе ги инспирираат младите да станат носители на позитивни промени.
Затоа, ние сме посветени на:
- Креирање и споделување на иновативни материјали за деца и млади кои ги интегрираат концептите за обновлива енергија во различни области
- Опремување на едукаторите со алатки и стратегии за создавање динамични и интерактивни искуства за учење
- Поттикнување на заедница на едукатори, професионалци, истражувачи и иноватори кои споделуваат материјали, идеи и успешни приказни
- Развивање на љубопитноста и критичкото размислување на учениците преку нудење на интерактивни симулации, разновидни ресурси и потткување за практикување на наученото во реалниот живот
- Промовирање на еколошка свест и креирање на следната генерација на еколошки свесни граѓани
• Креирање и споделување на иновативни материјали за наставната програма кои ги интегрираат концептите за обновлива енергија во различни области
• Опремување на едукаторите со алатки и стратегии за создавање динамични и интерактивни искуства за учење
• Поттикнување на заедница на едукатори кои споделуваат материјали, идеи и успешни приказни
• Развивање на љубопитноста и критичкото размислување на учениците преку нудење на интерактивни симулации, разновидни ресурси и потткување за практикување на наученото во реалниот живот
• Промовирање на еколошка свест и креирање на следната генерација на еколошки свесни граѓани
ЕКО - од идеја, до реализација
Во свет каде што технологијата и дигитализацијата е широко распространета, откривме витална празнина – недостаток на едукативни ресурси за обновливите извори на енергија. И покрај безбројните предности кои ги нудат обновливите енергетски решенија, ретко кога истите се промовираат, кај младата публика уште помалку.
Нашата цел беше да создадеме платформа каде што младите и останати ентузијасти би добиле пристап и можност да истражуваат и учат за одржливите решенија за енергија.
Во меѓувреме, се соочивме со бројни предизвици. Развивањето богата, релевантна содржина беше тежок процес. Сепак, главниот проблем кој се обидувавме да го решиме - огромната потреба на нашата земја од пристапен едукативен материјал и промоција на обновливите извори на енергија – постојано нè мотивираше да продолжиме кон остварувањето на првичната цел.
Конечно, со комбинирање на можностите кои ги нуди технологија со ефективна едукација, сега имаме можност да ја опремиме младата публика со знаења, вештини и насоки потребни за справување со глобалните предизвици преку решенијата кои ги нудат обновливите извори на енергија.
Едукација.
Иновативност.
Иднина.
Едукативен пристап и филозофија на платформата
Нашата едукативна филозофија се заснова на верувањето дека учењето треба да ги надмине учебниците и училниците. Токму затоа, посветени сме на негување на младите умови преку поттикнување на љубопитност и критичко размислување. Преку иновативни едукативни методи и интерактивни техники, ние им даваме можност на учениците да истражуваат надвор од рамките на вообичаеното, развивајќи кај нив долгорочен интерес, не само за темата на обновливи извори на енергија, туку и за учењето воопшто.
Централно место во нашиот пристап е интегрирањето на темата за обновливите извори на енергија во образованието. Преку едукативните материја на оваа тема, ние не само што поттикнуваме пошироко користење на одржливи енергетски решенија, туку ја поттикнуваме и идејата за значењето на грижата за животната средина. Нашата содржина не само што ја едуцира, туку и ја поттикнува следната генерација да станат информирани глобални граѓани кои активно придонесуваат за поодржливи решенија кога станува збор за одржливата енергија.
Ние соработуваме со искусни едукатори и организации кои ја споделуваат нашата визија, создавајќи динамична средина за учење што поттикнува соработка, креативност и решавање проблеми. Заедно, можеме да инспирираме генерација која не само што напредува на академски план, туку се залага и за одржлива иднина.
Често поставувани прашања
Кои теми се опфатени на едукативната платформа?
Нашата едукативна платформа покрива широк опсег на теми поврзани со обновливите извори на енергија, вклучувајќи соларна енергија, енергијата на ветрот, хидроелектрична енергија, геотермална енергија и многу повеќе. Наша цел е да обезбедиме сеопфатно разбирање за одржливите извори на енергија, како и сите предности за користење на истите.
Дали материјалите за учење се соодветни на возраста за помлади ученици?
Апсолутно! Нашите материјали за учење се внимателно изработени за да бидат соодветни за возраста и привлечни за младите. Ние користиме интерактивни симулации, видеа и забавни активности за да го направиме учењето пријатно и интересно.
Дали наставниците можат да ја користат платформата за време на нивните часови во училницата?
Дефинитивно! Наставниците можат да ги интегрираат ресурсите на платформата за време на нивните часови во училница за да ги надополнат традиционалните наставни методи. Токму ова е една од целите на нашата платформа – да ја доближиме темата за обновливите извори до најмладата публика на што е можно поинтересен и поедноставен начин.
Дали платформата е достапна на различни уреди?
Да, нашата платформа е дизајнирана да биде достапна на различни уреди, вклучувајќи компјутери, таблети и паметни телефони. Можете да учите во секое време, насекаде!
Дали наставниците можат да придонесат и да поставуваат свои едукативни материјали?
Секако! Ги охрабруваме наставниците, како и професионалците од оваа област да придонесат со своите вредни ресурси и материјали на платформата. Нашата цел е да поттикнеме средина за соработка каде што професионалците можат да ја споделат својата експертиза и да го збогатат искуството за учење кај младата публика.
Како корисниците на платформата можат да добијат помош ако се соочат со предизвици?
Доколку корисниците на платформата се соочат со каков било предизвик или пак имаат прашања, можат да контактираат со нашиот посветен тим кој е секогаш достапен за разговор. Едноставно, изберете го копчето “Контакт” од линковите за навигација каде што ќе можете да ги пронајдете сите дополнителни насоки за контакт.

Звучи интересно?
Разгледај како нашата мисија успеавме да ја ставиме во практика!