Добре дојде на ЕКО!

Првата македонска едукативна платформа за обновливи извори на енергија


home

Која е целта на платформата?

ЕКО е едукативна платформа чија мисија е да овозможи едукација и информации од областа на обновливите извори на енергија. Нашата примарна цел е да ја доближиме темата за обновлите ресурси до најмладата публика на што е можно поинтересен и поедноставен начин.

Ние веруваме во моќта на знаењето и одржливите решенија. Токму затоа, нашата едукативна платформа е посветена на зајакнување на поединци како ти да го разберат и искористат потенцијалот на обновливите извори на енергија. Без разлика дали си ентузијаст за обновливи извори на енергија или љубопитен ученик, ЕКО е вистинското место за тебе!

Кликни на копчето доколку сакаш да дознаеш повеќе за нас.

Мислења на едукаторите за платформата

Како што нашиот свет се развива кон поодржлива иднина, онлајн платформите посветени на обновливите извори на енергија играат клучна улога во едукацијата и зајакнувањето на знаењата и вештините на поединците. Таква е и оваа платформа која е светилник на знаење и се обидува да понуди решенија за обновлива енергија. Тоа што е изработена од млади луѓе само ја зголемува нејзината вредност, но и вербата дека сепак нашата планета има иднина.
profile1
Ѓорѓина Димованаставничка по информатика, основно образование
Ми се допаѓа оригиналната идеја и цел на едукативната платформа ЕКО, а тоа е преку интересно патување низ станици да се допре до младите за да научат и да се заинтересираат за темата обновливи извори. Пред сè, ми се допаѓа општествената одговорност, иновативноста и можноста за соработка со едукаторите, и нормално, тоа што нуди децата да го прошират својот видик во област која е доста развиена, се развива и која допрва уште многу ќе се развива.
profile2
проф. д-р
Димитрија Ангелковиноватор и професор, средно стручно образование
Платформата ЕКО е иновативен пристап за споделување на едукативни содржини на македонски јазик, што на нас едукаторите навистина ни недостасуваше. Со нејзиното сестрано користење, како од страна на учениците, така и од едукаторите, се надеваме дека не само што ќе се поттикне интересот кај младите, туку и ќе се зголемува и свеста за важноста за изнаоѓање начини за користење на одржливите ресурси за добивање на енергија, кои веќе ни се достапни.
profile3
Марика Вучкованаставничка по физика, основно образование

Дали знаеше?

boy-left
girl-right

Сакаш да научиш повеќе?

Доколку сакаш да дознаеш повеќе и дополнително да ги прошириш своите знаења за широк спектар на теми од областа на обновливите извори на енергија, тогаш нашата “Станица ПЛУС+” е вистинското место за тоа!

Од најновите откритија во соларната технологија до детални анализи на придобивките од хидроенергијата, нашиот блог нуди сеопфатна содржина за оние кои сакаат да дознаат повеќе. Покрај ова, ќе можеш да најдеш и практични совети за усвојување поеколошки начин на живот, интервјуа со експерти со областа на обновливите извори на енергија, како и уште многу други интересни содржини.

За да ја истражиш нашата “Станица ПЛУС+” кликни на копчето подолу!

Придружи се на заедницата

Придружи се на нашиот Discord сервер и стани дел од нашата заедница. Со придружувањето на серверот ќе имаш можност за пристап до голем број вредни ресурси, дискусии на разни теми, како и комуникација со експерти од оваа област или пак твои врсници. Те очекуваме!

Community Member 1
Community Member 2
Community Member 3
Community Member 4