18 јули, 2023
Дали го имаш посетено паркот на ветерни електрани “Богданци”?
Време за читање ≈2мин
Ветерниците односно ветерните електрани ја користат моќта на ветерот за да генерираат енергија.
Интересно е тоа што овој обновлив извор на енергија каде што електричната енергија се создава со помош на ветерници можеш да го видиш и на место во нашата држава!
За паркот на ветерници
Ветропаркот Богданци се наоѓа кај гратчето Богданци, на ридот Ранавец, кој се издига над Богданци. Зафаќа површина од 29 хектари.
Изградбата на овој ветропарк е поделена на 2 фази и тоа во првата градење на 16 ветерници и нивно поврзување и втора фаза за доснабдување со финансии и додавање уште 6 за вкупен број од 22 ветерници.


За да бидат пуштени во употреба овие ветерници прво бил спроведен пробен период, а по пробниот период ветерниците влегуваат во производство на енергија на 21 март 2014 година.
До 10 август 2014 година, ветропаркот испорачал 31 милион киловат-часови електрична енергија, што претставува една третина од неговото планирано годишно производство, односно околу 100 милиони киловат-часови струја, која е еднаква количина за задоволување на годишните потреби од струја на град од околу 60.000 жители.